речник контакт

Математичко решение на проблемот: Дознај зошто се уште си сама

Тристановата анализа докажува дека барањето на совршен партнер е залудно

Петар Печков

Во 1999 година научникот Тристан Милер заклучил дека никогаш нема да може да најде девојка. Човекот кој е гениј со добра смисла за хумор направил математичка анализа за на сите да им докаже дека е во право! Заклучокот бил многу едноставен: математиката во никој случај не ни оди во прилог бидејќи дошол до размер 1 : 18,726 во корист на наоѓање на „оние вистинските“. Погледнете ја поедноставната верзија на неговата логика со таа разлика што овој пат го земаме предвид машкиот род, со претпоставка дека мажи и жени се во подеднаков број:

Бројот на жителите на планетата:  5,592,830,000
Бројот на мажите на планетата:  2,941,118,000
Бројот на мажите во неразвиените земји, на возраст од 18 до 25 години:  65,299,083
Бројот на мажите кои по изгледот се над просекот:  1,487,838
Бројот на мажите кои освен што се згодни, тие се и натпросечно интелигентни:  236,053
Бројот на мажите кои покрај тоа се и самци (по претпоставка да се работи за размер 50:50):  118,027
Бројот на заинтересирани мажи:  18,726

Заклучок: Кога секоја недела би оделе на средба на слепо со друг маж, веројатно е дека би се начекале долги 67 години пред да го најдете мажот од своите соништа.

Што можеш да преземеш по тоа прашање?
1. Да почнуваш да излегуваш додека си многу млада.
2. Да ја проколнуваш судбината бидејќи ти поставила статистичка стапица.
3. Едноставно да се опуштиш.

Тристановата анализа докажува дека барањето на совршен партнер е залудна. Ако навистина бараш некој кој е на врвот со најдобри проценти, веројатно тоа ќе потрае 67 години од твојот живот и на крај да дознаеш колку е тешко да најдеш партнер со попис на сите позитивни карактеристики кои си ги ставила на хартија. Освен тоа, недостатоците го прават животот многу интересен. Да се сетиме на онаа позната изрека: „Светот не би бил совршен кога би бил совршен“. Несовршено лице всушност би било сосема совршено лице за тебе.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »